Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во тековната грејна сезона при тешка енергетска криза успешно се справуваше со предизвикот да обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа и корисниците на системот за централно греење, тврдат од БЕГ.
Велат дека и покрај големиот раст на цената на природниот гас, компанијата успеала да ги амортизира пазарните ризици за растот на цените на гасот на берзите да не со одрази врз цената на топлината која се испорачува на корисниците.
На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза. Сепак енергетската криза продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите која директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата. Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната Комисија за Енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци. Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец Јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, сеуште не е најдено решение за овој горлив проблем, велат од БЕГ.
Од компанијата тврдат дека од самиот почеток на грејната сезона набавката на природниот гас ја ја финансираат од своите ограничени тековни средства и приливи.
Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина, велат од БЕГ.
Велат дека предложиле Владата да ја превземе во времено управување компанијата за да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија, почнувајќи од 14.01.2022 па се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.