Временска прогноза

Утре стабилно – Временска прогноза за 4.12.2021

Утре со релативно пријатна временска состојба. Ќе биде стабилно, претпладне променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец и минимална темература насекаде над нула, а максималната во интервал од 6 до 14°C.

Попладне облачноста ќе се намали.

Агропрогноза: Временските услови неделава, со висока релативна влажност во воздухот беше одличен предуслов за изведување на примарната манипулација на тутунот во домашни услови, операција која во овој период е единствената која се изведува во земјоделството, ако го исклучиме пластеничкото и оранжериското производство, каде условите се контролирани.

Во наредната седмица се очекуваат слични временските услови и немаат некое поголемо значење за земјоделските култури, поради фактот што се вообичаени за почетокот на месец декември, а ова е период кога земјоделците имаат и најмалку ангажмани.

Единствената работа која се препорачува и за овој период е примарната манипулација на тутунот во домашни услови и припрема на истиот за откуп.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска,

во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 10.6.2026

Дејан Дејан

Сончево и топло, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2026

Kristina Kuzmanovski

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе