Македонија Топ вести

Мицкоски е пуштен на домашно лекување по интервенцијата на Торакална

„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… 🙂 после 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите.
Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“, објави пред малку лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Директорот на Торакална хирургија, Неџати Јакупи, за Телма изјави дека Мицкоски имал интервенција на вратот од каде му одстраниле атерон (масно ткиво), а интервенцијата била предходно договорена. „Интервенцијата е извршена со локална анестезија и пациентот е пуштен на домашно лекување“, вели Јакупи.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе