Вести Македонија Топ вести

ВИДЕО: Пожар на трансформатор во РЕК Битола- пожарот е изгаснат, нема повредени

Доцна вечерва избувна пожар во РЕК Битола. Според првичните информации станува збор за пожар на трансформатор во рамките на термоцентралата. Пожарот е изгаснат, соопштија од РЕК.

Поради пожарот, цел РЕК Битола е исклучен, продолжува влечење струја од европската мрежа

Новинарката на Телма Емилија Мисирлиевски јавува дека според првичните информации нема повредени, а се огласи и комбинатот.

-Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, стои во соопштението од РЕК.

На видео објавено на ФБ профил на Сребре Марковски се гледа пожарот и како интервенира противпожарно возило.

https://www.facebook.com/srebre.markoski/videos/1030738867718759

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека нема опасност ниту за блоковите, ниту за вработените.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски

Дејан Дејан

Утре е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Дејан Дејан

Лебот за сега не поскапува, но цените зависат од тоа што ќе се случува во Украина и на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе