Топ вести

Додека да почне испораката на јаглен, Владата ќе прогласи енергетска кризна состојба

Девет компании се пријавија на тендерот на ЕСМ за набавка на 900 илјади тони јаглен за РЕК Битола, соопштија од компанијата. Станува збор за домашни фирми и фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Турција. Понудите официјално ќе бидат отворени утре а потоа следи техничката евлауација, односно дали понудениот јаглен ги задоволува карактеристиките како и економско финансиската евалуација на доставените понуди.

Прецизна временска рамка кога првите количини на јаглен за потребите на РЕК Битола ќе бидат испорачани засега нема.

Кога станува збор за ТЕЦ Осломеј, од ЕСМ соопштија дека очекуваат во понеделник да го официјализираат понудувачот а потоа и да се потпише договор. До крајот на овој месец се очекува да почне испораката на дел од 300-те илјади тони јаглен и Осломеј да се стави во функција.

Дали и кога ќе стартува со работа ТЕЦ Неготино прецизни информации од ЕСМ исто така нема.

Иако беше најавувано дека ќе стартува со работа кон средината на овој месец од ЕСМ потврда засега нема, а нема ни конкретни информации за тоа дали ќе се снабдува со мазут од државните резерви или пак ќе има интервентна набавка.

Во меѓувреме Владата на седница одржана на 30 октомври ја смени уредбата за прогласување на енергетска криза. Од минисетсртвото за економија соопштија дека станува збор за технички корекции бидејќи постоечката била од 2012 година и не кореспондирала со законот за енергетика донесен во 2018 година, но од она што може да се види во уредбата има далеку поголеми измени.

Со новата уредба се исклучува можноста на рестрикции на струја за домаќинствата  и во условите за прогласување на криза се избришани хидропотенцијалите во државата кои се речиси на минимум како и резервите на мазут за работа на ТЕЦ Неготино.

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој минатата недела изјави дека нема потреба од прогласување на кризна состојба денеска во интервју за телевизијата Алсат најави дека утре ќе достави барање до Владата за прогласување на енергетска кризна состојба.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

Гласајте, со негласање не правите ништо – Агелер со порака до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе