Вести Ковид19 Македонија

Ковид-19 се шири меѓу учениците и наставниците, надлежните демантираат

И покрај ставот на МОН дека нема трансмисија на Ковид-19 во училиштата, до Телма дојде информација од ОУ „ Вера Циривири Трена“, во Карпош, дека 7 наставници и повеќе од 50 ученици се заболени и дека контактите не се кажуваат што е причина за ширење на вирусот.

Директорката на училиштето демантира дека се работи за толкав број заболени и вели дека секојдневно бројките ги праќаат до МОН и Центарот за јавно здравје. А од МОН со вообичаената реторика дека процентот на новозаболени е многу мал и затоа наставата со физичко присуство продолжува.

Повеќе од 50 ученици и 7 наставници, од кои 3 во одделенска и 4 во предметна настава се заболени со Ковид- 19, во ОУ „ Вера Циривири Трена“, во Карпош, вели наставник од ова училиште кој сакаше да остане анонимен.

Според него, проблемот е што контактите не се кажуваат , децата не се ставаат во изолација, па има големо ширење на епидемијата. Според директорката на училиштетото, се работи за тенденциозна и погрешна информација.

„Ние во училиштето имаме 4 заболени наставници и од денеска 12, а до вчера беа 15 заболени ученици. Ние сме постојано во контакт со Центарот за јавно здравје и постапуваме според нивните и насоките на МОН. Доставуваме дневен извештај до МОН и до ЦЈЗ, споделувајќи ги истите информации“, изјави Светлана Шајновска – директорка на ОУ „Вера Циривири Трена“.

Родители за Телма сведочат и алармираат дека пандемијата со Ковид-19 се проширила и во училиштето „ Јан Амос Коменски“. Директорката Маја Старова демантира.

Во телефонскиот разговор ни кажа дека немаат цели одделенија во изолација, туку помалку од 1% од вкупно 730 ученици. Со демант за трансмисијата на вирусот и директорката на училиштето  „Димо Хаџи Димов“, во Влае, која ни кажа дека само 0, 01% од учениците се заболени.

Прочитајте повеќе: Точат „службено“ гориво во приватни коли за предизборни партиски потреби

Во училиштата за сега нема трансмисија на заразата, поради што Комисијата за заразни болести не препорача промена на моделот на настава, велат од МОН.

„Бројот на позитивни ученици во училиште на дневно ниво се движи од 0, 01 до 0, 03%, од вкупно 240.000 ученици кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, додека дел се уште се во изолација“, соопштија од МОН.

Д-р Софијанова: Кај деца кои биле асимптоматски ковид случаи се јавува мултисистемски инфламаторен синдром

Иако побаравме, колку точно ученици и наставници се во изолација, не добивме одговор ни од ДСЗИ, ниту од Центарот за јавно здравје, од каде не препратија во Институтот за јавно здравје. A, директорот на Институтот,  Шабан Мемети, најави информација за утре.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

100-те највлијателни лица во светот за 2024 година

Дејан Дејан

Уапсена претседателката на Антикорупциската комисија во Црна Гора поради сомнежи за злоупотреби со дневници и службени возила

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – хроника 17.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе