Македонија

Меѓаши бара МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ повикува на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование во образовниот систем, и бара да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата.

-Свесни сме и имаме голем број  информации кои до нас пристигнуваат како од родители, деца и други членови на семејствата така и од наставници дека учебната година со физичко присуство претставува висок ризик по здравјето, како за децата така и за вработените и за семејствата поради несоодветниот начин на организирање на наставата, велат од МЕЃАШИ.

Според нив, нетранспарентноста на МОН и недостатокот на информации во поглед на бројот на активни случаи во училиштата дополнително ги зголемува сомнежите и вознемиреноста кај родителите.

Очекуваат надлежните од МОН заедно со директорите на училиштата да изнајдат начини и да го искористат убавото време, креативноста и можностите на училишните дворови и да  прилагодат дел од наставата да се одвива надвор, на отворено за да им се овозможи на децата слободно да дишат.

Како што потенцираат од првата детска амбасада во светот, скратувањето на наставата и должината на часовите е уште една брза и ефикасна мерка која може веднаш да се спроведе за да се избегнат други здравствени проблеми предизвикани од долгото носење на маски.

-Ги охрабруваме родителите да се вклучат активно и преку Советите на родители и Училишните одбори да упатат барања и да предложат мерки кои ќе служат како корекција на непрактичните протоколи односно ќе донесат директни промени во интерес на децата. Родители, од вашата мобилизација, проактивност и притисок ќе зависи квалитетот на наставата под овие посебни услови и дополнително ќе придонесе децата да можат да посетуваат настава, велат во соопштение.

Како што посочуваат МЕЃАШИ, очекуваат да се отпочне расправа во најскоро време за да се направат потребните измени во законот за образование и на родителите да им се даде можност за учење од дома.

Во однос на евентуалното воведување на задолжителна вакцинација на децата од 12 годишна возраст со постоечките вакцини против КОВИД-19, од МЕЃАШИ сметаат дека оваа одлука треба да ја донесе секој родител/старател по можност по претходен разговор и консултација со повеќе стручни, професионални, доверливи и високо компетенти лица кои би биле детално запознаени со целокупната состојба и историја на болести на детето, како и во разговор со своето дете. согласно возраста и зрелоста и дека треба да биде целосно информирана и лична одлука земајќи ги  предвид сите долгорочни и краткорочни ризици и бенефити од преземениот чин и дејствувајќи во најдобар интерес на своите деца

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе