Ковид19 Свет Топ вести

ЕУ: Во 2020 година, најголем број починати во последните 60 години

Европската унија забележа во 2020 година најголем број на смртни случаи во изминатите 60 години поради пандемијата на коронавирусот, што доведе до мал пад на популацијата, објави Евростат.

Во земјите членки на ЕУ починале 534.000 луѓе повеќе отколку во 2019 година (зголемување за 11 проценти).

Бројот на починати се зголеми од 4,7 милиони на 5,2 милиони лица.

Таа бројка „ги одразува последиците од пандемијата Ковид-19“, наведува Евростат.

Портпаролка прецизираше дека станува збор за „најголем број починати во една година од 1961 година“, кога првпат биле достапни статистиките за сите тие земји.

Бројот на починати се зголемил во сите земји-членки на ЕУ во тој период, особено во Италија (пораст за 111.700, или 18 проценти), Шпанија (75.500, или 18 отсто) и Полска (67.600, или 17 проценти), според податоците на Евростат.

Тоа зголемување на морталитетот придонесе за благ пад на бројот на населението во ЕУ во 2020 година, од 447,3 милиони на 447 милиони, што е 312.000 помалку.

Бројот на новородени продолжува да се намалува.

Природниот прираст, разликата меѓу бројот на новородени и починати, е негативен од 2012 година, освен во 2014 година кога изнесуваше нула.

Од 2001 година до крајот на 2019 година, населението се зголеми за четири проценти, што е пред се последица на вселувањето на мигрантите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Екс директорот на Царината Богоев излегува од притвор, Судот ја прифати гаранцијата од 55.000 евра

Дејан Дејан

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме- нов обид за Чебрен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе