Ковид19 Македонија

Десет нови случаи на Ковид-19, еден починат и петмина оздравени

Во последните 24 часа регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19 од направени 2.960 тестирања, петмина оздравени пациенти и еден починат, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје се регистрирани пет нови слуачаи на Ковид-19, во Тетово четворица и во Битола еден. Во болнички услови почина еден пациент (64) од Струмица. Регистрирани се и петмина оздравени пациенти  и тоа тројца од Скопје и по еден во Крива Паланка и во Берово.

Направени се 2.960  тестови: во ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-253, Биотек-174, Систина-96, лабораторија Лаор-158, Синлаб-17, Ремедика-21, Плодност–18, Генеа–10, Никоб лаб-704, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.133. Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770,  на оздравени пациенти е 150.123, а на починати 5.487. Активни се 160 случаи, од кои 58 во Скопјер, 38 во Тетов, 13 во Кичево, по 11 во Охрид и во Куманово,….

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68.698, Активни 58
Куманово 8.884, Активни 11
Прилеп 8.328, Активни 5
Тетово 7.278, Активни 38
Битола 6.310, Активни 6
Велес 5.474, Активни 2
Гостивар 5.185, Активни 4
Кавадарци 5.155, Активни 2
Охрид 5.021, Активни 11
Штип 4.960, Активни 0
Струмица 4.123, Активни 5
Струга 2.982, Активни 1
Кочани 2.792, Активни 0
Кичево 2.600, Активни 13
Гевгелија 2.195, Активни 0
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.524, Активни 0
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.161, Активни 0
Берово 1.032, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загрижувачки податоци: влажното огревно дрво го зголемува загадувањето во Битола, екологистите бараат законски измени

Tea Dimkovska

„Греота е, но факултетот мора да си сноси одговорност“ вели Jaневска за студентите кои овој месец не добиле студентски оброк

Tea Dimkovska

Парите во ѕидот веројатно се на мојот син, судијата Ристов – рекол таткото по претресот и окривањето на созиданиот бункер со 350 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе