Ковид19 Македонија Топ вести

Нема ковид пациенти во битолската болница

За првпат по повеќе од една година на Инфективното одделение во битолската Клиничка болница нема ниту еден хоспиталзиран пациент позитивен на Ковид-19. Ниту во наредниот период заболените од вирусот нема да се прифаќаат во оваа дотраена, стара половина век згарада и со исклучително лоши услови. Тие ќе се примаат во модуларната болница, затоа што  започнуваат подготовките за целосна реконструкција на стариот објект, која ќе трае подолго време. Во меѓувреме ќе се санира дел од зградата кој ќе се користи само доколку има поголем есенски бран, што го наговестува Делта сојот на вирусот.

За почеток новите пациенти кои што би ги имале во евентуалниот есенски бран ќе бидат сместени во Модуларната болница која што е нова, спремна и опремена и располагаме со 90 кревети. Но, од искуството што го имаме досега, мораме да бидеме подготвени и да ја имаме за секој случај и старта зграда, но нема хоспитализациите првично да бидат во старата заграда, туку во Модуларната болница, вели директороката на Клиничка болница Битола, Билјана Гагачовска.

Во Регионалниот центар во Битола процесот на имунизција се одвива без проблеми и досега се вакцинирани над 45 илјади граѓани, а здравствените работници уште еднаш апелераат за што помасовна вакцинија.

Веќе тече кампањата дека од 12 јули вакцинацијата ќе биде слободна, и ќе можат да се вакцинираат и непријавените. Во Битола работи пунктот за вакцинација и апелирам населението во што поголем број да се вакцинира, бидејќи тоа е единсвеното оружје што го имаме да се победи оваа пандемија, се друго е само менаџирање на последиците, вели Гагачовска.

Во пролетниот бран, Битола, заедно со Прилеп беа најголемите жаришта на вирусот од градовите во внатрешноста.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе