На скопскиот и охридскиот аеродром затегнатите рестрикции важеа до пред околу две недели, кога во терминалната зграда не смееше да влезе секој. Сега за да се стапне на македонска почва не се потребни никакви протоколи.
Комисијата за заразни болести до крајот на неделава ќе ги анализира сите новитети поврзани со Делта сојот и ќе одлучи дали ќе препорача на нашите граничните премини да се воведе дополнителна мерка. Тоа би важело и за сите граѓани од земјава коишто отпатувале во странство.
Здравствените власти најавуват дека можно е да се воведе контрола на граница со ПЦР тест, документ за вакцинација или прележана болест.
