Американската мултинационална компанија за меѓународен транспорт, достава и менаџмент на логистички ланец „УПС“, преку својот локален партнер „Ин Тиме МК“ му предаде донација на Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија.
Донацијата од „УПС“ се состои од пет специјални, преносливи фрижидери во вредност од 34.000 евра кои одржуваат температура од -20 до -86 Целзиусови степени.
Овие преносливи фрижидери се дел од стратешките вакцинални планови на многу развиени земји, бидејќи ги исполнуваат највисоките стандарди за транспорт и чување на вакцини во изолирани и рурални средини. Поради малите димензии тие се идеални за клинички испитувања, чување и транспорт на лекови и препарати.
