Ковид19 Македонија Топ вести

Кунгуловски: Големи се шансите делта да стане доминантен сој во земјава

Уште два нови случаи позитивни на делта сојот на SARS-CoV-2 се регистрирани во Жан Митрев Клиник, соопшти доктор Горан Кунгуловски на Фејсбук. Од Министерството за здравство се уште нема потврда за новите случаи, а министерот Венко Филипче претходно денеска соопшти дека има четири потврдени случаи на делта сојот.

Денеска се потврдени шест случаи (четири во Јавно здравство и два во Жан Митрев клиник) позитивни на делта варијантата на SARS-CoV-2. Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на SARS-CoV-2 се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50 проценти, а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50 отсто побрзо од D614G сојот кој пак се пренесуваше за 20-30 посто побрзо од изворниот Wuhan-ски сој, пишува Кунгуловски на ФБ.

Според него, има големи шанси делта да стане доминантен сој во светот, Европа, па и земјава во наредниве неколку месеци.

Тешки месеци ќе бидат, посебно за невакцинираните и непрележаните… Вакцините се уште ја добиваат битката и со новите соеви. На голем дел од нив им се намалува ефикасноста, но истата е доволна за да се неутрализира и сузбива пандемијата. Вакцинацијата ни е најсилната алатка во борбата, напиша Кунгуловски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе