Ковид19 Македонија Топ вести

Нема нови мерки од Комисијата за Делта мутацијата – од понеделник вакцини за секого, без термин

Македонија останува без засилени Ковид-ограничувања на границите и по денешниот утрински состанок на членовите на Комисијата за заразни болести.

Делта-мутацијата полека го вклучува алармот насекаде низ светот, но епидемиолошка состојба кај нас засега е оценета како стабилна од стручните лица и тие затоа не препорачале никакви мерки.

Но, дел од епидемиолозите во земјата не се сложуваат со тоа. Контрола на влез на граница мора да има и затоа земјава може да се послужи со примерот на други земји кои не губат време и воведуваат мерки за да спречат бран на зараза со мутираниот Ковид, смета доктор Тони Коњановски.

„Потребна е некаква контрола на влезот во земјава. Да не бидеме ние швајцарско шупливо сирење па кој како сака да може да влезе во земјава. Мора да има некаква контрола – дали со брзи тестови, дали со ПЦР тест, дали подвижни лаборатории кои ќе се таму поставени. Знаете, сите бевме под некаква пресија, бевме затворени, изолирани, отуѓени еден од друг и посебно младата популација. Тие како да бараат оддишка од од сето ова меѓутоа ни премногу слобода не е на арно. Треба да бидат многу претпазливи, посебно на тие дружења и журки“ вели доктор Тони Коњановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Битола.

Токму масовните собирања претежно на младите лица по дискотеките, како и дозволата од надлежните да се прават свадби во затворено со по 250 гости наиде на критика кај доктор Коњановски кој вели дека само свесноста кај луѓето, но и масовната вакцинација е спасот.

Во однос на вакцинацијата, во земјава започнува и вакцинирање на вработените во училиштата, а се докомплетираат и списоците за вакцинирање на кадарот од градинките, за општеството да биде подготвено за евентуалните идни бранови на зараза.

„Тука не говорам само за воспитувачи и негуватели туку говорам и за стручните работници, готвачите, помошно-техничкиот персонал. Важно ни е децата да доаѓаат во средина во којашто сите се вакцинирани и на тој начин ќе се превенира можноста за ширење на инфекцијата“ изјави Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

Дополнителен фокус на масовната вакцинација надлежните од здравствениот сектор најавуваат за од почетокот на следната недела кога пунктовите за имунизација ќе функционираат без термини за закажување туку секој којшто сака ќе добие вакцина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Веселинка Лаброска е именувана за нова претседателка на Советот за македонски јазик, по оставката на Груевска-Маџовска

Дејан Дејан

Србинка на 58 години очекува тројка по ин витро во Битола

Tea Dimkovska

Трет обид за набавка на нови еколошки автобуси

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе