Ковид19 Македонија Најважни

МЗ: Состојбата е стабилна, засега нема потреба од нови рестрикции

Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека ја следат епидемилошката состојба во земјава и регионот.

Како што беше најавено Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во гостување на „Утрински брифинг“ рече дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците.

– Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа ќе довршам, сметам дека летото доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки. Но, ситуацијата будно ја пратиме, има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но, засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме, потенцира Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикат на УПОЗ: Нема да ги поддржиме законските решенија кои се носат зад грбот на вработените и без социјален дијалог

Дејан Дејан

Веселинка Лаброска е именувана за нова претседателка на Советот за македонски јазик, по оставката на Груевска-Маџовска

Дејан Дејан

Србинка на 58 години очекува тројка по ин витро во Битола

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе