Ковид19 Македонија Топ вести

Од 12-ти јули почнува вакцинација на сите граѓани и без претходно закажување

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од 12-ти јули овој месец, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk.

Тоа значи дека секој граѓанин кој сака да се имунизира ќе може да го направи тоа и без закажан термин, додека паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на веб страната.

Од наредниот понеделник, вакцинацијата на македонските граѓани ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, додека во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе