Во последните 24 часа, регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.531 тестирање, пријавено е едно починато лице и 86 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Починато е едно лице од Виница (76) во болнички услови.
Од петте новозаразени, од Скопје се 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.
