Економија Ковид19

Стопанската комора реагира дека ги губиме странските туристи оваа сезона

Од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора се назадоволни што на веб страниците на надлежните министерства нема свежи информации за влез на странските туристи во земјава, во услови на пандемија. Така ги губиме туристите и оваа сезона, реагираат тие.

Министерството за надворешни работи имаше рестрикции на движење претходно, а нема сајт на англиски јазик, замислете! Има на албански и на македонски , а не постојат информации на англиски јазик. И како ние да им објасниме на гостите? Не се работи само за туристи, се работи и за бизнис. Министерството за здравство, најодговорното министерство за овие податоци, нема сајт на англиски. Има еден сајт кој е за коронавирус, нај кој информациите на англиски јазик се до 20 мај 2020 година, вели Александар кузмановски, потпретседател на Здружението за угостителство и туризам при СКСМ.

Отсуството на подршка значи слабеење на позициите на Македонија на традиционалните пазари, регионалните не се зајакнуваат,  а за нови и не можеме да размислуваме, потенцираа од Стопанската комора.

Не постојат чартери, нема автобуси во доволен број и нема доволно организирани патувања кон дестинацијата. Ова создава впечаток дека туризмот не е препознаен како сектор во економската политика на државата, вели Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

Неизвесно е доаѓањето на  традиционалните гости од Холандија, а присуството на гостите од Полска е заслуга на приватниот сектор. Од Стопанската комора го повторија барањето за бесплатни паркинзи и стојалишта за странските автобуси, кои би биле обележани.

Грција, Турција, Бугарија и Египет се традиционални дестинациите на кои и ова лето најмногу ќе бидат присутни нашите граѓани.Цените во однос на минатата, годинава се благо зголемени, но пониски во однос на 2019 година.А, во домашните турстички центри цените се пониски, но во хотелите каде нема доволно туристи, сместувањето и услугите чинат поскапо.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме- нов обид за Чебрен

Дејан Дејан

Владата размислува сама да ги гради Чебрен и Галиште

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе