Ковид19 Македонија Топ вести

Половина милион вакцини “Синовак” слетаа денеска во Скопје

Два кинески авиони натоварени со пола милион дози вакцини на фирмата Синовак утрово слетаа на скопскиот аеродром.

Кина ја испорача најголемата количина на вакцини која до сега стигнала во земјава. Од скопскиот аеродром вакцините ќе бидат складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина и тоа во таканаречените ладни соби.

По ова ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ земјава. Амбасадорот на Кина Џанг Ѕуо, потенцира дека неговата земја претходно ги испорачала нарачаните 300 илјади дози на синофарм, а овие 500 илјади на Синовак до сега е најголема пратка.

“Светската здравствена организација ја одобри вакцината Синовак за итна употреба на 1 јуни. Како и вакцината Синофарм, вакцината Синовак е исто така инактивирана вакцина. Кина сега вакцинира луѓе на возраст од 3 до 100 години. Во Кина се администрирани над 1,1 милијарда дози. Верувам дека вакцината ќе и помогне на Северна Македонија да изгради имунолошка бариера и да формира цврста линија на одбрана за заштита на животот и здравјето на луѓето” – изјави кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Цената која земјава ја плаќа за вакцините за сега се уште останува тајна, поради клаузулите во договорот кој е склучен со фирмата производител. Државниот секретар исто така не говореше ниту за ефикасноста на оваа вакцина.

Оваа достава Министерот за здравство не ја пречека на аеродром но уште синоќа на својот фејсбук профил пишуваше дека е ефикасна и целосно безбедна за користење.

 “Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза

Високо ефикасна за превенција на тешка болест

Се дава мускулно во рамо

Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици

Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица” – напиша Филипче на Фејсбук.

Според неколку студии вакцината синовак има ефикасност меѓу 50 и 90 проценти и во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и Турција.

Врз основа на резултати од истражувањето поврзано со оваа вакцина, сепак СЗО објави дека е со 100 процентна заштита од развој на тешка болест.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе