Ковид19 Македонија

Филипче: До крајот на летото би можеле да стекнеме колективен имунитет

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека до крајот на летото во земјава може да биде постигнат процент на имунизирани лица за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет, односно оти дотогаш би можеле да бидат вакцинирани околу 600 илјади граѓани, што, како што истакна. е 50 проценти од популацијата планирана за вацинација.

Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо.

Тој додаде дека се уште не се знае како ќе влијаат мутациите на коронавирусот, но нагласи дека искуствата од другите држави, вклучувајќи ја и Кина, покажуваат оти вакцините се многу важен фактор во борбата против пандемијата и дека спречуваат тешки форми на болеста.

Министерот за здравство вели дека со оглед на тоа што до крајот на месецов ќе стасаат 500 илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“, како и поголеми дози вакцини Фајзер ќе може да се вакцинираат по 15 до дваесет илјади граѓани на ден. Вакцините следниот понеделник ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација.

Филипче апелираше граѓаните кои се заиантересирани да се пријавуваат на сајтот за вакцинација, бидејќи, нагласи тоа е наједноставниот и најефикасниот начин да се планира процесот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе