По три дена без жртви од корона вирусот,денеска повторно се починати двајца. Лицата се на 73 и 80 годишна возраст, од Скопје и Куманово. Во последните 24 часа се регистрирани 19 нови случаи со Ковид-19, од направени 3.680 тестирања.
Најголем број, 7, се од Скопје, 4 –ца се од Куманово, 3-ца од Крива Паланка, и по еден случај има во Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево.
Според епидемиолошките анализи, во моментов, во 8 македонски општини, нема случаи на корона вирусот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
