Ковид19 Топ вести

Вакцината „КјурВак“ има ефикасност од само 47 отсто

Германската биотехнолошка компанија „КјурВак“ (CureVac) соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 е ефикасна само 47 проценти во подоцнежната фаза од испитувањето, поради што во прашање се доведуваат потенцијалните испораки на стотици милиони дози за Европската унија.

Британските медиуми пренесуваат дека Европската унија како досега единствениот и главен клиент на вакцината „КјурВак“, во ноември резервира околу 405 милиони дози, по што беше проследен меморандум за разбирање со Германија за дополнителни 20 милиони дози.

Компанијата соопшти дека за време на студијата биле застапени најмалку 13 варијанти на вирусот, наведувајќи дека оригиналната верзија на коронавирусот, што се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година, во овие тестирања беше речиси целосно отсутна.

Акциите на „КјурВак“, што котираат на берзите во САД, по оваа вест опаднаа за 48 проценти, на само 49 американски долари

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе