Ковид19 Македонија Најважни

Турција со донација од 30 илјади вакцини Синовак за Северна Македонија

Турција ќе и донира 30 илјади вакцини Синовак на Република Северна Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче за ова информираше со статус на неговиот Фејсбук профил. Тој вчера заедно со премиерот Зоран Заев беше во еднодневната работна посета на Турција.

-Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, објави Филипче на Фејсбук.

На работната вечера вчера во Истанбул станало збор за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба.

Заев на средбата со Ердоган ја потенцирал, како што стои во соопштението од Владата, исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Северна Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски. Од турската страна било потенцирано дека Турција ќе продолжи да ја помага Северна Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе