Ковид19

15 починати и нови 46 случаи позитивни на корона вирусот

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1.

Регистрирани се 89 оздравени пациенти од:

Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2, Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).

Од пријавените, 4 лица  се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Направени се 3.487 тестови преку: ИЈЗ-356, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово – 16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-10, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–95, МАНУ-58, Жан Митрев (Филип Втори)-399, Авицена – 721, Биотек-584, Систина-218, лабораторија Лаор-323, Синлаб-51, Ремедика-51, Плодност–50, Генеа–32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 349.

Досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе