Ковид19 Топ вести

Се затвораат ковид одделенијата во битолската болница

Со намалување на бројот на новозаболени  и  хоспитализирани, се затвораат одделите во  најголемиот  КОВИД центар надвор од Скопје, битолскиот. Клиничката болница во Битола се враќа  во редовна работа.

Најпрво се затвори КОВИД центарот во  одделението за  физикална медицина, а сега  е затворена и Модуларната болница.

Во функција останува Инфективното одделение каде вкупно се хоспитализирани 28 пациенти. Најголем дел од лекарите специјалисти и останатиот медицински персонал се враќаат во своите матични одделенија.

-Сите лекари специјалисти  и специјализанти кои што помагаа во тие делови веќе се распределени во сопствените одделенија и болницата засега започнува во нормален режим на функционирања. Ќе се започне со редовните оперативни програми онаму каде беа укинати, редовните прегледи. Иако најмногу оптоварено беше интерното одделение, затоа што многу од лекарите беа повлечени, дел од интернистите остануваат во КОВИД центарот,  изјави Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

За една  недела во Битола регистрирани  се 25 новозаболени и 7 починати лица како последица од коронавирусот, со што се намалува притисокот и во амбулантите.

Сепак лекарите стравуваат дека ќе има благо покачување на бројките

-Намален е и притисокот во двете амбуланти, тријажната и инфектолошката амбуланта. Се надевам дека оваа тенденција ќе продолжи, иако очекуваме лесно зголемување на бројките после празниците, но се надеваме дека тоа ќе биде во некоја нормала, вели Гагaчовска.

Инаку непречено се одвива и масовната имунизација на Регионалниот вакцинален пункт каде досега се вакцинирани  11 500 граѓани од Битола, Прилеп, Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе