Ковид19 Најважни

Неделниот извештај на ИЈЗ потврдува 48,3% пад на бројот нови случаи на Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=280; 41,5%), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во Кратово.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 1,8% до 7,2%, просечно 4,0%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=240, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=114; 16,9%), 30-39 (n=114; 16,9%) 40-49 (n=111; 16,5%), и 20-29 (n=56; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=6; 0,9%) и 10-19 години (n=33; 4,9%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 65 смртни случаи од 15 градови, 38,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години, 1 лице на возраст од 40-49 години и 1 лице на возраст од 30-39 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19.

Заклучно со 16.05.2021, аплицирани се 28.594 дози на Pfizer/Biontech (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на Sputnik V (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на AstraZeneca и 108.740 дози Sinopharm.

Заклучно со 16.05.2021 вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 31.599 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 10 мај до 16 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Судијата Ристов го користел просторот во куќата во Неготино каде беа пронајдени 350 илјади евра

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе