Ковид19 Свет Топ вести

Бајден: Следните шест недели ќе испратиме 80 милиони вакцини низ светот

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД до крајот на јуни ќе донираат 80 милиони американски вакцини – претходно најавените 60 милиони дози вакцини на Астра Зенека и најмалку дополнителни 20 милиони дози на вакцини кои се одобрени за употреба во САД, соопшти Белата куќа.

Оваа најава на администрацијата на Бајден е следниот чекор во интензивирањето на напорите на САД да се справи со Ковид-19 низ целиот свет, се додава во соопштението.

Следните недели, САД ќе го искористат своето лидерство и заедно со партнерите од Г7, ЕУ, Ковакс и други ќе ги координираат мултилатерални напори со цел ставање крај на пандемијата.

„Конкретно, ние настојуваме да собереме конкретни обврски што можат да се исполнат од други влади и партнери од приватниот сектор за да овозможиме повеќе вакцини, да го поттикнеме производството на вакцини и суровини, да обезбедиме вакцини низ целиот свет и помош на здравствената заштита со цел спасување животи и запирање на ширењето на Ковид-19, сузбивање на пандемијата и закрепнување на економиите“, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе