Ковид19 Свет

Бајден вети дополнителни 20 милиони вакцини за светот од американските резерви

Американскиот претседател Џо Бајден објави денеска дека во наредните 6 недели САД ќе споделат дополнителни 20 милиони дози од вакцините против Ковид-19 со светот

Овие дози ќе бидат од американските резерви на вакцините против Ковид на Фајзер, Модерна, Џонсон& Џонсон.

Истовремено, тоа ќе биде прв пат американските дози на вакцините да се споделат со остатокот од светот, откако во последните недели интересот на американските граѓани за вакцинирање драстично опадна.

Објавата на Бајден следува по претходното ветување на неговата администрација до крајот на јуни да сподели околу 60 милиони вакцини од Астра Зенека , со која се уште не е вакциниран ниту еден американец, затоа што оваа компанија никогаш не доби одобрение за употреба во Соединетите држави.

Се уште нема детали како ќе бидат споделени вакцините или кои земји ќе ги добијат.

Повеќе од 157 милиони американци досега примиле барем една доза од вакцините против Ковид-19 а 123 милиони се целосно имунизирани против опасниот вирус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Дејан Дејан

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе