Ковид19 Македонија Топ вести

Од денеска вакцинација на пациенти со трансплантиран бубрег и кои одат на дијализа

Денеска ќе почне вакцинацијата на пациенти со трансплантирани бубрези и кои се на дијализа, а по нивната имунизација следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем.

Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во гркупата на потешко болни од хронични болести кои исто така ќе имаат приоритет при вакциниацијата, се и пациентите, па и децата со цистична фиброза.

За родители на деца со хронични болести направена е приоретизација на групите. Имаме контакт со сите здруженија во континуитет. Направен е список на околу 2.000 луѓе. Денеска ќе почне, а во понеделник или вторник веројатно ќе заврши вакцинацијата на пациенти кои се трансплантирани и се на дијализа. Тоа е првата приоритена група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест која може да го засега најпрво како приоритет респираторниот систем. Тука се влезени  и децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и понатаму сите други, рече Филипче.

Има огромен број пациенти, додаде министерот, кои спроед класификацијата се со хронична болест.

Има над 200.000 луѓе во различни возрасни групи со хипертензија и тоа е на некој начин хронична болест, но не е приоритет. Има други поприоритетни групи. И викеендов ќе работи Комисијата, следната недела веќе почнува и тој процес, потенцира Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе