16 луѓе починале во последните 24 часа од Ковид-19 , соопшти министерството за здравство. Најмногу починати, 8 има во Скопје, потоа две лица во Битола, додека една жртва има од Куманово, Струмица, Охрид, Гостивар, Ресен и Струга.
Починатите се на возраст од 61 до 82 години.
Регистрирани се 30 ново заразени со коронавирусот.
Како оздравени од денеска се водат ушет 359 граѓани. Со денешните податоци, бројот на активни случаи во моментов изнесува 5913.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
