Светската здравствена организација денеска соопшти дека варијантата на коронавирусот што го предизвика силниот смртоносен бран на Ковид-19 во Индија е пронајдена во десетици земји во светот.
Агенцијата за здравство при ООН соопшти дека варијантата Б.1.617 на Ковид-19, која првпат беше откриена во Индија во октомври, е пронајдена во примероците доставени во „базата на податоци за отворен пристап ГИСАИД“ од 44 земји во сите шест региони на СЗО
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
