Офицер на АРМ, сомнителен на јужноафриканскиот сој на корона вирусот доцна вечерва пристигнува во Скопје од Африка. Ќе биде транспортиран под посебни услови и протоколи и ќе биде сместен на Инфективната клиника, изолиран во еднокреветна соба.
Пациентот е со средно тешка клиничка слика, а состојбата му се подобрува и оттаму е неизвесно дали ќе може воопшто да се изолира вирус, за да се утврди за кој точно сој се работи.
Медицинската евакуција вечерва ќе биде извршена во соработка со европските служби за надворешни односи затоа што се работи за офицер кој бил во мисијата на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската република.
Министерката за одбрана потврди дека се работи потполковник во АРМ, македонски државјанин, кој бил позитивен на ковид веќе една недела, но таму каде што се наоѓал, нема услови за лекување.
Далиборка Демјанска Цветановска
