Ковид19 Македонија Најважни

Угостителите отворија, граѓаните веднаш ги наполнија летните тераси

Сончевото и убаво пролетно време ги пресели луѓето од клупите по парковите – на масите во кафулињата и рестораните. Скопјани раздвижени го живеат најновото нормално по врвот на заразата во третиот Ковид-бран.

Угостителите претходно затворени од Владата за да не бидат жаришта за ширење на заразата сега се задоволни затоа што веќе не работат според шалтерскиот систем со пијалоци за носење и се враќаат во онаа препознатлива за нив шема на функционирање – иако со работно време до дваесет часот, непосредно пред полицискиот час.

Гостите не ги очекуваат во голем број во и онака преполовените капацитети заради протоколите за работа, но значајно за нив е што веќе не се под клуч.

„Во овој момент работи само надворешниот дел од локалот поточно терасите. Внатре нема влегување, евентуално до тоалет ама само со маска. Искрено, овој период нема многу работа заради тоа што реално луѓето се плашат и таква е ситуацијата, не треба многу да се излегува и да се шета. Практикуваат да седнат и да се напијат кафенце, сокче, што и да е по половина час најмногу. Гледаат што побрзо да седнат, да се видат и тоа да е се“ вели Дори Кочева, менаџерка на угостителски објект.

Според глетката на терен, но и анкетата којашто ја направивме – одлуката за повторното отворање на угостителските објекти наиде на одобрување кај граѓаните.

Тие досега беа принудени да си наоѓаат начини за поминување на слободното време и да прошетаат на воздух, а велат дека едно кафе или ручек на ресторанска маса оддалечена од соседните маси, не може да биде многу ризично ако е надвор.

Дел од граѓаните, пак, со критика за одлуката за елиминирање на полицискиот час вечерта на празничните денови.

„Кога можат во парк да седат 10-15 души без никаква опомена тогаш подобро е по тројца четворица да седат на една маса, надвор на терасите.“

 

„Луѓето губат пари, подобро кафулињата да се отворат отколку ние затворени цело време в карантин да бидеме. Лично јас посетувам угостителски објекти затоа што нема што да се прави, дома досадно е, цело време затворени во четири ѕида – како во притвор да сум!“

 

„Сепак треба малку забава и за младите, но и за сите нас. Ќе се седи на тераса надвор, не е во затворен простор. За велигденските празници не се сложувам да нема полициски час затоа што ќе има доста гужви по храмовите. Тоа Не може да се контролира и tаму не може да се воспостави ред.“

А, во паркот денес повторно раздвижено бидејќи граѓаните се навикнаа овде да си ја бараат забавата и социјализацијата во деновите кога кафулињата беа целосно затворени.

Со итна одлука на Владата од пред три недели се забрани работата на угостителските објекти, а жртвувани беа и фитнес-клубовите, обложувалниците, а се заостри и рестрикцијата на движење бидејќи Македонија ги проживеа најцрните денови од почетокот на пандемијата, досега.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

(видео)Патничко возило изгоре на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Дејан Дејан

Незири: Постепена интеграција кон ЕУ со цел граѓаните да ги почувствуваат придобивките

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе