Ковид19 Свет Топ вести

ЕМА ќе се изјасни за вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе го објави своето мислење за вакцината против Ковид-10 на Џонсон и Џонсон, чија употреба е привремено суспендирана во САД и во Европа поради појава на тромбоза.

Здравствените власти на САД на 13 април ја стопираа имунизацијата со Џонсон и Џонсон откако кај шест жени на возраст од 18 до 48 години по вакцинацијата се појави згрутчување на крвта, а едно лице почина.

Медицинскиот советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, во неделата изјави дека вакцината на Џонсон и Џонсон повторно ќе се употребува но со можни ограничувања..

Тој истакна дека згрутчувањето на крвта е многу ретка појава и објасни дека вакцинацијата е привремено прекината, за експертите да можат да ја разгледаат ситуацијата и да се осигурат дека ги имаат сите потребни информации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање

Дејан Дејан

Бронза за Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ на Универзијадата во Бразилија

Дејан Дејан

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе