Ковид19 Македонија Најважни

Филипче: Со стратешкиот договор со „Торлак“ обезбедуваме сигурен извор на вакцини во иднина

Многу е веројатно дека вакцината против КОВИД-19 ќе стане сезонска, а имајќи го предвид досегашното искуство и проблемите, во периодот што следи, српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини. најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничка прес-конфернеција со српскиот колега Златибор Лончар.

Филипче појасни, дека било разговарано за капацитетите кои ги има институтот „Торлак“ за производство на месечно ниво, откако ќе започне со производство, како и за проценките за потребите на Србија и земјите од соседството.

– Сметам дека производствениот капацитет ќе биде сосема доволен, за првиот следен момент кога ќе бидат потребни вакцини, да ги обезбедиме од институтот „Торлак“. На тој начин, согласно тоа како ќе се одвива пандемијата и препораките за вакцинација и дали евентуално ќе треба и трета доза или можеби оваа вакцина ќе стане сезонска, да обезбедиме еден стабилен и сигурен извор од каде можеме да добиеме вакцина, изјави Филипче.

Во однос на тоа дали ваквиот стратешки договор, ќе ги наруши односите со другите производители, Филипче рече дека во овој момент веќе имаме нарачано доволна количина вакцини од повеќе производители, кои се доволни за да се постигне саканиот процент на имунизација на населението.

– Тоа значи дека за секој следен чекор или секоја следна набавка, која треба да ја направиме, прво место на кое ќе се обратиме, а согласно капацитетите за производство, нашите потреби целосно ќе бидат задоволени, ќе биде институтот „Торлак“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски без конкретни очекувања од средбата Давкова – Јотова

Tea Dimkovska

Пушачите наскоро ќе добијат построги ограничувања – Законот против пушење ставен на дневен ред на следната собраниска седница

Tea Dimkovska

Загрижувачки податоци: влажното огревно дрво го зголемува загадувањето во Битола, екологистите бараат законски измени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе