Нови 31 жртва на Ковид 19 во минатото деноноќие, соопшти министерството за здравство.
Починатите се на возраст од 38 до 87 години а најмногу жртви има од Скопје – 12.
Регистрирани се 824 ново заразени со Ковид-19 од направени 3 988 тестови. Процентот на позитивни тестови во минатите 24 часа изнесува 21 отсто.
Најмногу ново заразени има во Скопје – 313, по што следуваат Куманово со 75 случаи, Битола со 59, Прилеп со 46 ново заразени додека во Тетово, Велес и Кавадарци регистрирани се 30 нови случаи.
Како оздравени од денеска се водат 682 луѓе.
Со денешните бројки, бројот на активни случаи во моментов изнесува 20 193 лица.
31 жртва и 824 ново заразени со Ковид -19 во последните 24 часа
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
