Економија Ковид19 Македонија

Намалени вработувањата во јавниот сектор за 1.717 лица во 2020, во однос на 2019 година

Во јавниот сектор е намален бројот на вработувања за 1.717 во 2020, во однос на 2019 година, а во органите на државната власт намалувањето е за %, рече министерот за Информатичко општество и администрација, презентирајќи го извештајот за вработувањата во јавниот сектор од минатата година. Најмногу нови вработувања има во здравството и во социјалната и детската заштита рече министерот Шаќири, без да ја прецизира бројката.

Намалени се вработувањата во јавниот сектор за 1717 вработени во 2020, во однос на 2019 година, рече министерот за информатичко општество и администрација.

  • Во споредба со 2019, минатата година бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 1717 вработени. А, намалувањето во органите на државната власт во 2019 било 16522 лица, а во 2020 15945, што е намалување за 577 вработувања или 3%, кажа министерот Јетон Шаќири.

Според Шаќири, од вкупниот број вработени во јавниот сектор до крајот на 2020 година, кој изнесува 131183 лица, најмногу вработувања се во образованието- 32%, потоа во здравството- 19%, во Управата- 14%, во јавните претпријатија- 9, 6% и во детската и социјалната заштита -6, 8%.Во овој сектор и во здравството , како два клучни, има најмногу нововработени, рече министерот, без да каже прецизна бројка.

  • Тоа илустрира дека новите вработувања се прават онаму каде што за тоа има вистинска потреба, рече министерот Шаќири.

54, 83% од вработените се жени, а 45,17% се мажи, со просечна старост од 46 години. 53, 62% вработени во јавниот сектор имаат високо образование, а 12, 2 % се вработени во органите на државната управа.Во тек се разговори со директорот на Пазарниот инспекторат за трансфер на дел од „рамковно вработените“ преку Министерството за политички систем во таа институција, кажа министерот за информатичко општество и администрација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата размислува сама да ги гради Чебрен и Галиште

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова го поздрави нон пејперот што го иницираа Мерц и Макрон

Kristina Kuzmanovski

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе