Ковид19 Македонија Најважни

Утре започнува масовната вакцинација  на населението во салата „ Борис Трајковски“

Утре во салата „ Борис Трајковски“ запонува масовната вакцинација на населението. Први ќе се вакцинираат припадниците на МВР и здравствените работници.Покрај здравствениот персонал, во вакцинацијата се вклучени волонтери од Црвен Крст и административни работници.А се планира во прво време да бидат вакцинирани околу 3000 граѓани секој ден.

По вчерашната генерална проба , утре во 10 часот, во салата „ Борис Трајковски“, ќе започне масовната вакцинација на граѓаните против Ковид- 19. Од критичната инфраструктура професии, први на овие столчиња ќе чекаат ред и ќе влезат во кабините за вакцинација со руската вакцина Спутник В,  вработените во МВР и здравствените работници. За спроведување на имунизацијата, на 48 пунктови се ангажирани 50 медицински сестри, 12 лекари, 30 волонтери од Црвениот Крст и 40 административни работници.

Во јавноста се отворија дилеми околу вакцинацијата, поради прецизните одредби од Законот за заштита од заразни болести.

Закон за заштита од заразни болести: Член 35: Вакцинацијата ја врши доктор по медицина . Докторот од ставот 1 на овој член е должен претходно да изврши преглед на секое лице што треба да се вакцинира , при што одредува контраиндикација за вакцина, ако постои. Вакцинацијата можат да ја вршат и здравствените работници со вишо или средно медицинско образование, но само во присуство и под надзор на доктор по медицина.

Од Министерството за здравство со одговор дека вакцинирањето ќе се спроведува според законот, од стручни вакцинални тимови кои со години  работат на имунизација на населението. И дека вакцината Спутник В е пакувана во шишенца по една доза, со што се олеснува и забрзува процесот.

Министерство за здравство: Кога граѓанинот ќе дојде на вакциналниот пункт, ќе биде пречекан од волонтери на Црвен Крст каде добива формулар што треба да го пополни, а потоа го упатуваат кај лекар на задолжителен преглед. Откако ќе го прегледа лекар, граѓанинот се упатува кон администартивен пункт на „ Мој Термин“, каде добива картонче за вакцинација. Му се заведуваат лични податоци, а потоа се упатува на пунктот за да ја добие вакцината.

Откако ќе биде вакциниран, секој граѓанин повторно оди на вториот административен пункт каде во картончето се заведуваат неговите лични податоци, која вакцина ја примил и му се закажува тремин за ревакцина. Граѓанинот 10 минути останува во салата, во просторот за одмор и заминува.

Планирано е на почетокот на масовната имунизација да се вакцинираат околу 3000 граѓани дневно, а потоа ќе се повикуваат по 7000, согласно Националниот план.

Од февруари, откако започна вакцинацијата во земјава, до почетокот на овој викенд се имунизирани вкупно 9003 здравствени работници и граѓани, над 77 години.

Заради дезинфекција и исфрлање на медицинскиот отпад ,вчера и денеска немаше вакцинирање на пунктовите во болниците „ Букурешт“, „ Јане Сандански“ и во „Чаир“. Таму од утре продолжува започнатата имунизација со вакцината на Астра Зенека , на повозрасните здрави и хронично болни граѓани, над 77  години.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе