Добредојде за поздрав на пациентите има но масовна вакцинација се уште нема. Ке почне в понеделник бидејки како што вели министерот Венко Филипче викендов морало можните проблеми да се сведат на минимум.
Во салата А1 – Борис Трајковски ќе се вакцинира со руска вакцина Спутник В. Тоа ќе бидат граѓани од критични професии рангирани по години но и по хронични болести кои ќе имаат приоритет.
Ако се создаде гужва ред ќе чекаат надвор, на влез ќе се регистрираат и ќе го одговараат прашалникот за вакцинација, ќе добијат број на кабина каде ќе треба да се вакцинираат а по вакцинацијата препорачливо е да здивнат 10 тина минути за да не се појават некакви несакани последици.
Проекциите се дека дневно тука ќе се почне со нешто помалку од 3 000 луѓе за вакцинација, но оваа бројка би требало да се зголемува во наредниот период. Меѓу здравствените работници кои ќе ги боцкаат е и медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, кој јавноста го запозна како еден од најпозитивните ликови кој одеше во домовите и земаше брис за тестирање за Ковид 19.
Возрасните граѓани над 77 години и понатаму ќе се вакцинираат на пунктовите низ градовите и тоа со вакцината Астра Зенека.
Денеска освен во Јане Сандански и Чаир во Скопје другите вакцинални локации не работеа.
Министерот најави дека следната недела ке се работи 7 денови од неделата. За сега никој од возрасните не пријавил дека има проблеми со појавување на тромбоза по оваа вакцина.
Нема ниту нов случај на помлади од оние кои ја примија во Србија, освен 28 годишната девојка која имала тромбоза на едната вена на окото. За сега се чека мислење од мегународните институции и ЕМА дали овие луѓе да ја примат и втората доза на вакцина од Астра Зенека, а во мегувреме тие можат кај своите матични лекари да се пријават дека се вакцинирани или пак да почекаат да пристигне списокот од Србија па автоматски да влезат во системот.
Билјана Николовска
