Ковид19 Најважни

Над 120 пациенти во кочанскиот и штипскиот ковид центар се борат за живот

Над 120 пациенти во кочанскиот и штипскиот ковид центар се борат за живот. Капацитетите се преполни и во модуларните болници и на останатите одделенија кои се активни.

Во Кочани  нема слободни места. 20 лица се на кислородна подршка, пет пациенти се критични, а имаат пациенти од целиот исток, но и од Гевгелија и Валандово.

Истата слика е и во Штип, каде што е ангажиран целиот стручен кадар, а од денеска на инфективното работат и интернисти.

Лекарите се загрижени за состојбата на пациентите, ги има на различна возраст и во овој бран не доминираат  лицата над 60 години, имаат и пациенти над 23 години.
Според епидемиолозите вирусот се шири внатре во семејствата и тешко може да се утврди изворот.

Ако заболи еден член од семејството, сите останатие се заразуваат.

Во штипскиот регион засега нема големи кластери во институции и фирми. Но, од Гласен Текстилец бараат засилени контроли во автобусите, кои се се превезуваат работниците.
Досега двапати реагиравме до соодветните институции, но ниту еднаш не добивме одговор. Важно е да се заштити здравјето на текстилните работнички“, вели Кристина Ампева од „Гласен текстилец.

Во двата ковид центри во источниот регион битката ја загубија четири пациенти, а во овој регион активни се над 1.300 случаи.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОН предупредува: војната во Украина е „посмртоносна од кога било досега“

Kristina Kuzmanovski

Трамп: За неколку недели САД ќе прогласат победа над Иран

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Владата е пред чекор на решение самата да го гради Чебрен и Галиште- проектот би чинел 1,5 милјардa евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе