Ковид19 Македонија Топ вести

Состојбата во болниците е алармантна

1.498 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјава, слободни се околу 200 кревети. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 66 нови пациенти поради компликации. Вкупно 629 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а приеми имало и  на другите клиники.

Утринава министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со директорите на ковид центрите во Скопје, при што беше заклучено дека здравствниот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега и дека состојбата со болниците е алармантна, но со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација.

Екипата на Телма влезе во Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово. И таму состојбата е сериозна. Хоспитализирани се 35 пациенти, а најголемиот дел од нив се со тешка клиничка слика.

Се зголемува бројот на новозаразени и во гостиварскиот регион, а се полнат и болничките кревети. На инфективното одделение се хоспитализирани 22, а во модуларната болница 19 пациенти.

Лекарите предупредуваат дека во овој бран на заразата страда и помладата популација.

Граѓаните велат: народот нема доволно свест, не се почитуваат мерките за заштита, а дополнително нема ниту вакцини.

Лекарите, пак, веќе една година го повторуваат истиот апел, но, сепак се случи и третиот бран, кој се чини и најсилен.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе