Сите имаат политичка волја за гласање со отпечаток од прст, но консензус за Измени на изборниот законик нема.
Министерот за правда не крие дека ДУИ го отвориле прашањето, но вели дека несогласувањата се технички. Во моментот кога ќе се дефинираат сите детали, измените ќе се изгласаат во Собранието.
Маричиќ ги негира обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ, дека СДСМ не сакаат да се гласа со отпечаток од прст.
Тврди дека преговорите на ниво на партии се` уште течат, а членовите на ДИК веќе предложиле и голем број на измени и технички спецификации.Верува дека со дијалог и разум, ќе се најде решение.
Од ДИК апелираат тоа да се случи што побрзо, за да може и технички да се изведе целиот процес.Ќе бидат потребни неколку месеци за да се распише меѓународен јавен тендер, за набавка на опремата, вградување во серверите на ДИК и на МВР и обука на тие што ќе работат со скенерите.
Велат дека тие направиле се` што е во нивна моќ, чекаат да се договорат работните групи.
Ако не се постигне договор, единствената алтернатива, според Даштевски, е одложување на изборите за еден месец, за да им се даде дополнително време на партиите.
Далиборка Демјанска Цветановска