Македонија Топ вести

Работничките принудени од газдите да бараат измислени дијагнози од своите матични гинеколози

Матичните гинеколози налутени – нивните пациентки принудени да бараат од нив да измислуваат дијагнози.

Од Здружението на матични гинеколози реагираат дека работодавачите испраќаат бремени жени работнички кај нив со препорака да си извадат документ за ризична бременост, а со тоа докторите се ставени во позиција да бидат административци, спротивно на Хипократовата заклетва.

Бремените жени се ослободени од работа се до крајот на пандемијата прогласена од СЗО, со одлука на Владата од 3 ноември 2020.

„Доаѓа пациентката и лично таа на мене ми кажува „докторе кај нас има три бремени и сите три се на патолошка бременост само вие нејќете мене да ми отворите патолошка бременост“. Како да отворањето патолошка бременост е административна работа – не е поврзано со дијагностика, не е поврзано со објективна состојба, не е поврзано со ништо друго – туку само административна работа!“ – Д-р. Душко Филиповски – Претседател на Здружението на матични гинеколози.

На ова одговорија од Организацијата на работодавачи. Оттаму велат дека се запознаени со вакви случаи, а нив ги толкуваат како пракса за работничките да бидат на товар на државата во целиот тој период.

„Работодавачите сигурно дека нема да ги пополнат испразнетите места кај нив. Веројатно тие мислат или се обидуваат на тој начин – товарот за плаќање на овие работнички да биде на Фондот за здравствено осигурување, а не на нивни товар, како што е тоа случај во моментов“ – Ангел Димитров – Претседател на Организацијата на работодавачи.

Доктор Душко Филиповски на ова возврати дека работодавачите се должни да ги знаат Уредбите на Владата, но се должни и да ги почитуваат.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убедлива победа на Силјановска, во втор круг оди и актуелниот претседател Пендаровски

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Ќе соработувам со партијата која ме предложи, но и со владата, опозицијата, невладиниот сектор, медиумите

Дејан Дејан

Османи: Фронтот за Европа станува голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе