Две деца на 13 и 14 годишна возраст се приведени за убиството на 67-годишната жена во Струмица. Полицијата информира дека децата се осомничени дека го извршиле убиството и биле повикани на службен разговор во полициска станица со присуство на педагог од центарот за социјални работи, родител и адвокат. За прибирање повеќе докази извршен е претрес во домовите на осомничените. Едниот малолетник бил најден во Гевгелија, а другиот во Струмица.
Куќата во која се случило убиството се наоѓа во центарот на Струмица, просторот наоколу е раздвижен, но сепак нападот во куќата никој не го забележал.
Вчера попладне полицијата извести дека е пронајдено безживотно тело на улицата Балканска во Струмица по дојава дека во куќата на жртвата се случило силување и разбојништво. По прибирање на првични докази телото е дадено на обдукција и утврдено е дека смртта настанала со задушување.
Мамолетниците се дадени на понатамошно постапување на основното јавно обвинителство и центарот за социјални работи.
Сузана Мицева