Култура Топ вести

Последна почит на Балашевиќ пред Универзалнaта сала во Скопје

Песните на Ѓорѓе Балашевиќ вечерва ги надгласуваат автомобилите во ценатрот на Скопје. Платото пред Универзалнaта сала е полно со почитувачи и обожаватели на легендарниот кант автор. На малото плато во форма на пијано, симбол на неговото творештвото, како и на големата фонтана тие ги оставаа кандилцата, свеќите и пораките, збогувајќи се токму со неговите незаборавни стихови. За неговите песни велат дека се мали ремек дела.

Тешко да се издвои омилен стих, велат неговите почитувачи, тој ќе остане дел од нашето минато но и од иднината. Некои донесоа бели рози, велат омилено цвеќе на Балашевиќ.

Полни беа салите, плоштадите, па и стадионите на неговите концерти, а Универзалната сала е домот на Балашевиќ во Скопје, вели директорот Аврамчев.

Југословенскиот дух го зацврсти со неговата поезија, но и тој не ги издржа националистичките окови. 90-тите беа време кога и Балашевиќ беше жртва на разулавените духови на југословенците народи. Се кинеше врската меѓу нив, а поезијата добиваше политичка конотација. Балашевиќ се истакна како остар критичар на Слободан Милошевиќ. Тој отворено се спротивстави на национализмот што ги разгоре конфликтите, а се декларираше како Словен.

„Словен сум, белец, слободен стрелец, за секој случај, се уште сум свој“.

Но, поради неговите позиции, мејнстрим медиумите во Србија го избегнуваа за време на војната.

Балашевиќ ја започна својата кариера кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, најпрво настапуваше во бендови пред да започне солистичка кариера, а бројот на обожаватели, на неговата мека поп музика со духовитиот текст, постојано растеше. Три дена по хоспитализација во болницата во Нови Сад, почина како последица на силна пневмонија, имаше 68 години.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Течат роковите за тужба до Управниот суд за гласањето во Ларце

Одложен почетокот на судењето за Синџир

Сашо Чавдаров

Шест елементи од конструкцијата на опожарената Универзална сала ќе треба да се заменат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе