Ракомет Спорт

Вардар ќе настапи во нокаут фазата од ракометната ЛШ

Поради фактот дека голем дел од мечевите во фазата по групи од Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација донесе одука сите екипи кои настапуваат во елитното натпреварување да бидат дел од елиминациската фаза.

Според оваа одлука место во осминафиналето ќе обезбеди и македонскиот претставник Вардар, а според ЕХФ екипите ќе можат да играат натпревари до крајот на овој месец, а пласманот ќе се одреди според бројот на освоени бодови.

Осминафиналните двојки ќе се одредат според пласманот и во првото елиминациско коло ќе се соочат првопласираните од двете групи за противници ќе ги имаат освојувачите на осмата позиција. Второпласираните ќе се сретнат со екипите кои го освоиле седмото место, третиот игра против шестиот, а четвртопласираниот со тимот кој во групата ќе заврши како петти.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хименез го потврди трансферот во Милан преку социјалните мрежи (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус тргнува по Озимен: Влаховиќ си заминува

Дејан Дејан

МЗТ бара нова победа, Работнички на мегдан со „фенерџијата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе