Не стивнуваат реакцииите за скандалот Јавна соба на Телеграм и по вчерашото затворање на групата и апсење на 4 лица кои биле директни учесници во злоупотребата на фотографии и лични податоци на жени и девојки.
На оваа социјална мрежа не само што постојат и други вакви групи, туку се отвораат и нови. Од Платформата за родова еднаквост за идната среда најавуваат протестен марш за поддршка на жртвите и велат дека овој случај е шанска институциите да покажат дека се залагаат за женксите права и во пракса а не само декларативно.
„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции. Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство#, наведуваат од Хелсиншки комитет.
На ФБ се огласи и министерот за правда Бојан Маричиќ кој реча дека овој случај треба да биде катализатор за потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест да се издигне на повисоко ниво и изрази поддршка на жртвите.
„Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените“, напиша Бојан Маричиќ, министер за правда.
Скандалот се актуелизираше деновиве откако млада жена јавно проговори за злоупотребата на нејзини фотографии и мобилниот телефон во Јавна соба. Вчера се огласи речиси целиот државен врв, а премиерот Заев се закани дека ќе го блокираат Телеграм доколку не ја избрише групата која шири порнографски содржини. Лани без епилог остана случајот во кој илјадници корисници во Јавна соба споделуваа експлицитни фотографии на девојки од Македонија, но и на малолетнички.
Од Обвинителството рекао дека го следат новиот случај, а минатогодишниот е се уште во предистрага. МВР трага по кретаорот на групата и најавија нови апсења.
Емилија Мисирлиевски