Економија Топ вести

Ниту парите од државната помош не се безбедни од извршителите – рок до петок за оние со блокирани сметки 

Луѓето со блокирани сметки од извршители имаат уште два дена да отидат во банка и да потпишат договорна документација, за отварање наменска сметка. Доколку тоа не го сторат, парите ќе се вратат во буџетот, информираат дел од банките за Телма. Дел од банките информираат дека реализирана е исплатата на оние кои имаат активни сметки, а во текот на следните денови треба да се реализира исплата на оние кои немаат ажурирано податоци и истите може да ги ажурираат онлине. Оние кои имаат блокирани сметки или се нови клиенти, ќе треба да ги посетат банките за да ја завршат администартивцната постапка.

За граѓаните со блокирани сметки, банката ќе отвори посебна наменска сметка, но клиентите треба во банка да потпишат доументација.  Средствата префрлени на оваа сметка, неам да бидат зафатени до актуелна блокада на клиентот, но истите не се за штитени од потенцијални блокади. Односно, доколку клиентот не ги подигне средставата при потпишување на договрната докуметација а потоа стигне некоја нова блокада , парите може да бидат замрзнати.

Дополнително додаваат дека рокот за спроведување е до 25 декемрви 2020 година, а ако клиентите не ги ажурираат податоците, не отворат наменска сметка или ако се нови клиенти и не отворат сметка во банка – тогаш парите се враќаат во буџетот. Откако помошта ќе биде одобрена за овие катергории, ќе може да се користи и после 25 декемрви годинава.

Клиентите уште од утрово се наредија пред банките. Се чека со часови, гужвите се неизбежни.

Ова е вторпат во неколку месеци државната помош да создаде вакви редици. Некој доаѓа по парите, а друг да провери дали е на список.

Зошто овојпат нема ваучери за купување на домашни производи во продавниците – одговор имаат во Владата. Парите можат да се извадат од банка бидејќи во секој случај ќе завршат во домашната економија, убедени се надлежните.

Во овој сет на мерки за помош на граѓаните поради справување со Корона-кризата, помош од шест илјади денари ќе добијат 283 илјади граѓани. За ова владата има одвоено нешто повеќе од 27 милиони евра.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Османи: Фронтот за Европа станува голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Дејан Дејан

ФОТО: Полиција пред штабот на „Вреди“- симпатизери на ДУИ слават кај Скендербег

Дејан Дејан

Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе