Вести Македонија Топ вести

Со српско знаме и песни за Косово во Грачаница се ожени градоначалникот на Центар

Со српско знаме и со гости од Македонија и Србија викендов во манастирот Грачаница на Косово се ожени градоначалникот на центар  Саша Богдановиќ.

Сакавме таа наша љубов која е тука започната на некој начин, да ја овековечиме тука во Грачаница“ – изјава за Б92 Саша Богдановиќ.

Српските медиуми на големо со сите детали пренесуваа за српската свадба на Богдановиќ. Извештаите ги сместија во рубриката „Љубов и страст“. Но освен љубов во нивните изјави има и политика.

Знаменосецот српското знаме од Скопје го донесе во  Грачаница. Од еден во друг дел на стара Србија. Од една во друга Милутинова градба – вели тој.

„Ние во Македонија немаме право во канонска црква венчавање во вакви храмови и храмови на кралот Милутин. На некој начин сме приморани наместо во храмовите на кралот Милутин во Македонија да доаѓаме овде во Грачаница.“- изјави Стојковиќ.

Повикувајќи се на традицијата но и тешките околности таа да се зачува Богдановиќ објаснува дека колку и да е тешко тој мора да се бори за своите права.

Има опстанок нормално. Се бориме, тоа е во секое живо суштество да се бори нормално за своите права, така што и ние тоа го правиме. Нормално ја чуваме традицијата која ја имаме. Се надевам дека ќе успееме во тоа, не само за нас туку и за идните поколенија.

 И додека Богдановиќ дал изјава за Б92, цел ден не одгова на телефонски повици и пораки од „Телма“. Неговата избраничка Јелена Брауновиќ вработена во основното училиште Киро Глигоров, во општината со која раководи токму Богдановиќ. Таа не им дала изјава на српските медиуми, но за крај запеаја заедно со градоначалникот.

Ој Косово Косово, земјо моја сакана, земја на славните витези Лазар и Милош.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Сефери во „Топ тема“: Проевропски наратив кај партиите од власта наспроти етноцентричен кај опозицијата, мислам дека Таравари и Османи се свесни дека не можат во втор круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе