Ковид19 Македонија Топ вести

Одбраната бара протоколи за судење за да не се прелее есенскиот корона бран во судница судница

Есенскиот корона бран полека се почувствува и на судењата. „Таргет-Тврдина“ не се одржа поради отсуство на обивнетиот Сашо Мијаков кој е позитивен на Ковид-19 а се одложи и судењето за организаторите на 27 ми април. Обвинетите Трајко Велјановски и Спиро Ристовски се во самоизолација поради контакт со зарзени лица а еден од адвокатите е болен. Претходниве денови и  други големи предмети се одлжија поради изолации на обвинети и адвокати. За да не дојде до трансмисија на болеста во судница, адвокатот Еленко Миланов бара од Комисијата за заразни болести да направи протокол.

Секојдневно се соочувам со тоа да бидам во судница на мало растојание, во судница со повеќе од педесет лица со кои и да сакаме не можеме да бидеме на потребното растојание и прашање е дали само маските се доволна заштита. Во судницата остануваме по два но и по пет часа со одредени паузи, но најмалку два часа без никаква пауза, рече миланов.

Шестмина вработени во судот се позитивни на Ковид-19 а уште 15-тина се во самоизолација потврдуваат од таму. Уверуваат дека преземаат мерки за да не се шири болеста ниту меѓу вработените, ниту во судниците.

Кривичниот суд ги почитува протоколите и мерките на здравстверните власти што важат за сите институции. Се дезинфицираат простории, се носат маски, се внимва на дистанца, на шалтерите и во ходниците има гелови за дезинфицирање, соопштуваат од кривичниот суд.

Изолациите траат по најмалку две недели поради што се одлагаат и дел од идните термини за судење.

А обвинетиот Миле Јанакиески кој е обвинет во 7 предмети и денеска преку неговиот адвокат се пожали дека секојдневно има темрини за судење а се случувало и во ист ден да треба да се јави и на две до три различни судења. Адвокатот Миланов вели немаат време да се подготвувата за испрашување на сведоци и вештаци. Треба да подготвуваат одбрана а не да бидат слика во судница

Од судот пак објаснуваат дека рочишта се закажуваат така што се почитува принципот на судење во разумен рок  но и дека редовно вршат координација околу термините за закажување на судските рочишта за да нема преклоушпувања.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе